„Економист“ : Владимир Путин го тестира Доналд Трамп во Украина
Неочекуваната ескалација на насилство во источна Украина, по двегодишното „замрзнување“ на воените судири, треба да се разбере како обид на рускиот претседател Владимир Путин за тестирање на новиот американски претседател Доналд Трамп и неговите заложби за подобрување на односите со Русија, пишува британскиот неделник „Економист“.
Весникот потсетува дека обновените напади на украинските сепаратисти и на руските сили врз украинските војници, покрај линијата на раздвојување, во реонот на малиот град Авдеевка, почнале речиси веднаш по првиот телефонски разговор меѓу Путин и Трамп.
Американскиот претседател претходно порачуваше дека Путин е „респектабилен политичар“ со кого може да се спогоди. Веднаш по разговорот, руската страна тврдеше оти двајцата лидери зборувале и за Украина, а „Економист“ укажува на задоцнетата и блага реакција на Вашингтон.
Формално, САД го осудија непријателството и за тоа ги обвинија сепаратистите, додека обновата на артилерсикиот оган со украинските војнци го оправдаа со неспроведениот договор од Минск, од февруари 2015 година, но реакцијата на Стејт департментот уследи два дена подоцна и во неа има само „длабока загриженост“, без ниту еднаш да се спомене Русија.
-Претходната админстрација на Барак Обама, на ваквите случување ќе реагираше со итен состанок во Белата куќа, како и со осуда на агресијата од страна на Стејт департментот, при што ќе се инсистираше на почитување на територијалниот интегритет на Украина, забележа британскиот неделник.
Промената на тонот во Вашингтон, според „Економист“, веќе ја одушевила официјална Москва, па владиниот весник „Росискаја Газета“ има напишано дека Американците за новите судири ги осудуваат силите на „републиките“, како што ги нарекува сепаратистите во Доњецк и Луганск, без да се зборува за улогата и учеството на Москва, ниту, пак, да му се даде подршка на Киев.
Овој руски весник и самиот има напишано дека Москва настојува да ја „провери реакцијата“ на претседателот Доналд Трамп и неговите тврдења дека сака обнова на врските со Русија.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки