Македонија
8. May 2016 - 16:14

Едмонд Адеми од СДСМ бара премиер Албанец

СДСМ ја застапува идејата дека прифаќа премиер Албанец, потврди членот на извршниот одбор на партијата, Едмонд Адеми, кој во исто време е советник на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасивски.

- Америка избра Претседател афро-американец, Лондон градоначалник пакистанец- муслиман, а ВМРОвциве кукаат, пиштат, вриштат да не случајно идниот Премиер биде Албанец. МРШ ТАМУ!, порача фунционерот на СДСМ кој претходно стана познат со најавите дека власта може да падне само доколку се лее крв по улиците.

Идејата за албанец премиер, не само што не е нова туку веќе подолго време ја застапуваат видни функционери и активисти на партијата, помеѓу кои преднички професорот Љубомир Фрчкоски.

СДСМ има одлична соработка со партијата Беса, со која заедно ги организираат протести кои се организираат на улиците во Скопје. Лидерот на Беса, кој важи за близок пријател на претседателот на СДСМ Зоран Заев, потврди дека партијата се залага за редефинирање на Македонија односно за федерализација.

Опозицискиот лидер ја шокираше македонската јавност кога изјави дека подржува во Македонија да се изулува албански јазик на целата териотирија уште од градинка.

Заев се сретна и со претседателот на Албанската дијаспора од Македонија, Муса Љамилари, кој отворено застанува зад идејата за федерализација.

Непосредно по средбата Љамилари ги подржа протестите на СДСМ и ги повика албанците да се приклучат на истите.