Македонија
3. јуни 2017 - 19:44

Еден загинат во сообраќајна несреќа во Прилеп

46- годишен жител на селото Сарандиново, со иницијали З.Ј. е жртвата од тешката сообраќајна незгода, која попладнево се случи на излезот од Прилеп, во близина на Институтот за тутун. Смртта кај починатото лице, чие тело е предадено на обдукција, настапила на лице место. Тој управувал со патничко моторно возило марка “Лада Самара” кое се судрило со друго патничко мотороно возило, марка “Мерцедес”, чиј возач, неофицијално, 19-годишен жител на селото Мажучиште, за среќа, останал неповреден.
 
Денеска, пак, околу 12.30 часот, при пожар во семејна куќа во прилепското село Ерековци, животот го загубил 76-годишниот Душан Н, кој инаку бил тешко подвижен. Пожарот избувнал во дневната соба каде престојувал Душан и по брзата интевренција на ТППЕ од Прилеп, спречено е истиот да се прошири на целата куќа. Според првичните информации, смртта кај Душан настапила од труење со чад, а имал и изгореници по телото.
И за двата случаи, истрагите продолжуваат.