-->
-->
Еден загинат и околу 60 повредени при голем пожар во Ростов на Дон
-->
Едно лице загина, а околу 60 се повредени, од кои деветмина се хоспитализирани, при голем пожар во Ростов на Дон.
Огнената стихија вчера зафати 120 згради, од кои 98 се станбени. За гаснење на пожарот беа ангажирани околу 2.000 пожарникари со 212 единици специјализирана техника.
Поради пожарот времено беа евакуирани 650 луѓе, а снабдувањето со гас и електрична енергија беше превентивно прекинато во загрозените реони.
Претставник на локалните власти изјави дека на секој што пожарот му предизвикал тешки здравствени проблеми ќе му бидат исплатени по 400.000 рубљи (околу 5.800 евра).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект