Џет-Сет
25. January 2017 - 22:36

Ѕиренете во домот на Иванка Трамп, таа е љубимица на новиот претседател на САД

Иванка Трамп, наследничката на империјата на Доналд Трамп, новиот американски претседател, живее луксузно од малечка. Иванка активно учествуваше во кампањата на татко и, а од неодамна не живее заедно со таткото. Љубимицата на Трамп има пространа куќа во која живее заедно со сопругот Џаред Кушнер, со кој се во брак од 2009 година.

Иванка на својот Инстаграм профил објавува фотографии од домот, со кој ги воодушевува нејзините следбеници. На една од нив се гледа големиот салон каде позира со своето семејство.

Foto: Printkrin/Instagram

Просторијата е многу едноставно средена, без многу детали, со старински стилски мебел.

Иванка на другата фотографија позира со синот, а просторијата е едноставно средена и украсена минималистички.

Foto: Printkrin/Instagram

Од оваа просторија се влегува во трпезаријата во која се наоѓа голема маса, а посебно се издвојува необичниот лустер над трпезариската маса.

Foto: Printkrin/Instagram

Иванка обожува едноставност, и токму во тој стил ги уредила и собите на нејзините деца.