-->
-->
Џонсон: Има огромен напредок кон договорот за Брегзит
-->
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека има огромен напредок кон постигнување договор за Брегзит меѓу ЕУ и Велика Британија, пренесува весникот „Мајл од Сандеј“
„Кога дојдов на функцијата сите зборуваа дека апсолутно не е можна никаква измена на договорот. Тие (лидерите на ЕУ) го сменија мислењето и како што гледате сега се води многу добар разговор околу проблемот како да се третира северноирската граница. Има огромен напредок“, рече Џонсон.
Еу и Велика Британија не можат да се согласат околу тоа како да го избегнат повторното воспоставување физичка граница меѓу Ирска, држава членка на ЕУ, и британската провинција Северна Ирска, по постигнувањето на Брегзит. Лондон ја отфрла безбедносната мерка која е вклучена во сегашниот договор, таканаречениот бекстоп, додека ЕУ смета дека е тоа неопходно бидејќи не постои друга веродостојна алтернатива
Бекстоп предвидува Велика Британија да остане во единствениот царински пазар со ЕУ доколку не се најде подобро решение за бекстоп по истекот на рокот одреден за преоден период.
„Ќе има многу работа до 17 октомври, рече Џонсон во освртот на последниот самит на ЕУ пред излегувањето на Велика Британија од Унијата, предвидено за 31 октомври. „Но, јас на тој самит ќе одам и ќе добијам договор, навистина имам надеж. А ако не добијам договор, е па ние на 31 октомври ќе излеземе“, додаде Џонсон.
Тој веќе ја отфрли идејата да бара тримесечно одложување на Брезгит, на што го обврзува минатонеделното гласање во британскиот Парламент, со кое се спречува излегување од ЕУ без договор.
Џонсон утре треба да се сретне со претсдателот на ЕК во заминување Жан Клод Јункер и европскиот претставник задолжен за Брегзит, Мишел Барние.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петар Арсовски - гостин во Тема на денот
-
Завршна активност на македонското претседавање со ПСЈИЕ под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба''
-
Медицина ќе се студира и кај Мерко
-
Прилепска пиварница одбележува 100 годишнина од основањето
-
Изложба на Американскиот Универзитет на Европа - ФОН
-
Завршна активност на македонското претседавање со ПСЈИЕ под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба''
-
Oсмани: Грција ги исполни суштинските обврски од Преспанскиот договор
-
Засега ДУИ и СДСМ настрана од измените на Законот за локална самоуправа