Џет-Сет
7. July 2015 - 14:29

Џастин Бибер како од мајка роден! - Од тоа што го покажа „гори“ интернетот!

Младиот пејач, Џастин Бибер не престанува да ја иритира светската јавност, овојпат тој сподели своја гола фотографија од одморот во Бора Бора. 

21-годишниот пејач го покажа задникот, а под фотографијата напиша: “Гледај!”, божем уживајќи во глетката пред себе.

Поп-ѕвездата на своите 32 милиони фанови на Инстаграм им покажа дека егзотичните места во светот го провоцираат да биде нудист, особено кога плови на брод. Фотографијата предизвика голема еуфорија на социјалните мрежи, особено кај неговите обожаватели.