Џани Питела: Земјите од Балканот се приоритет за ЕУ
Во Европскиот парламент во Стразбур со голема загриженост се следи развојот на ситуацијата на Балканот, вклучително и во Македонија, тоа го потврди и Џани Питела, претседателот на Групата на социјалистите одговарајќи на прашање на постојаниот дописник на МИА од Стразбур.
Најпрво, италијанскиот европратеник објасни дека одложувањето на гласањето на резолуцијата за Македонија е по барање на известувачот, со оглед на ситуацијата во земјата.
- Известувачот за Македонија предложи да почекаме со гласањето на извештајот во очекување на тоа како ќе се развие ситуацијата во земјата. Тоа не е ништо негативно од наша страна, туку сакаме да разбереме како ќе еволуираат нештата, вели Питела.
Тој притоа посебно инсистираше на европската преспектива на Балканот, кој треба да остане приоритет за Европската унија.
- Што се однесува до Балканот сакам да испратам порака на отворање и повторена доверба во позитивните односи меѓу Европската унија и земјите од Балканот. Ние сакаме да продолжи процедурата на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската унија. Се разбира ова по 2019 година. За земјите кои мислат дека ние ги променивме нашите ставови, сакам да кажам дека за нас земјите од Балканот се политички приоритет, вели Питела.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд