Македонија
29. November 2017 - 21:13

Џафери ги достави барањата за притвор на пратениците до ресорната Комисија

Утре на пладне ќе се решава за имунитетот на шестмината пратеници од Коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ  за кои Судот уште вчера побара парламентот да се одобри притвор за нив.

Павле Бпогоевски, по два дена незивеснот, доцна вечерва ја закажа Комсијата за мандатно-имунитетни прашања  откако во Собранието попладнево се одржа состанок помеѓу Талат Џафери со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Непознато е  дали на ваквиот координативен сосотанок присуствувал и претсавник на ВМРО-ДПМНЕ. Неопфицијално претставници на опозцијата во текот на денот  биле на состанок со Џафери.

Детали од ваквите состанови не се откриваат. Останува неизвесно дали преставниците на ВМРО- ДПМЕ еќе учествуваат на  утрешната комисија, но кворум за нејзината работа можат да обезедат и само пратениците на власта.

Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски  се осомничени за терористичко дејствување против уставниот поредок и безбедноста за собраниските насилства од 27 април. Тие доцна синоќа беа пуштени дома.

Според Деловникот, собраниската комисија ќе треба да донесе заклучок со пшрепорака до Собрнаието дали да им се одземе имнутето на пратениците. На комсијата може, но и не мора да присуствуваат самите осомничени пратеници. Двајцва од нив, Муковски и Тарчуловски се и членови на ова собрнаиско тело. Но, тие задолжително треба да бидат известени за седницата.

Според Уставот и Деловникот, Собранието треба да донесе одлука за одземање на имунитетот или добивање на притворот на пратениците во рок од три дена од приемот на барањето.