Балкан
18. November 2015 - 17:30

Две лица уапсени на островот Кос, се проверува нивната поврзаност со ИД

Две лица, за кои се претпоставува дека се џихадисти, биле уапсени на грчкиот остров Кос.

Според медиумите, однесувањето на двајцата мажи било многу сомнително и затоа се проверува нивната поврзаност со групата Исламска држава (ИД).

Мигрантите, за кои се претпоставува дека се Сиријци, се уапсени вчера изутрина.

Весникот „Елефтерос типос“ пишува дека во мобилните телефони на мигрантите се пронајдени фотографии од оружје и борци на ИД. На една од фотографиите едниот од уапсените позира покрај знаме на џихадистичката организација.

По терористичките напади во Париз грчката крајбрежна контрола е зајакната.