Македонија
14. May 2024 - 17:08

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи

Во текот на вчерашниот ден во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле хоспитализирани две лица кои се здобиле со повреди при извршување на работни задачи.

Во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен Б.Ц. (57) од с.Челопек, тетовско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма на подрачјето на Гази Баба во Скопје.

При извршување градежни работи на подрачјето на Карош во Скопје, со тешки телесни повреди вчера се здобил и З.П. од Скопје.

– На 13.05.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на подрачјето на Карпош во Скопје со повреди се здобил З.П.(64) од Скопје. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, стои во соопштението на МВР.