Македонија
20. April 2017 - 16:19

Две иницијативи пристигнале до Уставен за измени во законот за локална самоуправа

Со две иницијативи до Уставниот суд ќе се бара решение за проблемот со одложувањето на локалните избори.

Министерството за локална самоуправа и Светскиот македонски конгрес бараат Уставниот суд да укине два члена од Законот за локална самоуправа и од изборниот законик  во врска со траењето на мандатите со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции се до изборот на нови.

Од Светскиот македонски конгрес велат дека на ваков чекор се решиле во интерес на граѓаните на кои Уставот им го гарантира правото на локална самоуправа.
Петров вели дека неговата иницијатива предвидува мандатите на функционерите во локалните самоуправи да се продолжат до крајот на оваа година до кога би требало да се организираат и локалните избори

Од Уставниот суд освен потврда дека се примени двете иницијативи кои треба да им ги продолжат мандатите на градоначалниците и советниците не може да се добие прецизна информација кога тие би се нашле на седница пред судиите.

Согласно актуелниот изборен законик, мандатите на градоначалниците и општинските совети завршуваат на средината на наредниот месец по што, локалните самоуправи би останале нефункционални и блокирани а граѓаните без можност да ги остваруваат своите права.

Евентуалната интервенција на Уставниот суд би му оставила простор на Собранието по конституирањето веднаш да го смени изборниот законик и да одреди нов датум за распишување на изборите.