Македонија
29. February 2024 - 11:25

Двајца тетовци со моторни пили сечеле бука, лишени од слобода

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера во 15:30 часот ги лишиле од слобода М.Р.(60) и З.И.(58), двајцата од тетовска Шипковица.

Како што соопшти денеска МВР, тие биле затекнати во месноста „Студена река“, во атарот на тетовски Бродец, како со моторни пили бесправно сечат букови стебла. Извршен е увид и било утврдено дека на местото биле пресечени околу 200 стебла.

По целосно документирање на случајот против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци.