Македонија
22. September 2016 - 23:02

Два дена расправа без одговори - Катица Јанева со политички фрази пред пратениците

Втор ден Катица Јанева со куси и неконкретни одговори пред пратениците. Жестока расправа предизвика изјавата на специјалната обвинителка дека и натаму според нејзе Собранието е нелегитимно, а во исто време бара пратениците преку законски измени да го и продоложат мандатот. Пратеникот Антонио Милошовски ја праша Јанева дали може да ги води сложените случаи на Специјалното обвинителство.

Пратениците од опозицијата и на денешната седница застанаа во одбрана на изјавите на Јанева. И според нив, овој собраниски состав е нелегитимен.

 За пратениците од власта и за независните пратенички е нејасно, како може и по 13 месеци од основањето на Специјалното обвинителство, јавноста се уште да нема одговор кој и со каква цел прислушувал и како Зоран Заев ги добил прислушуваните разговори. Јанева кратко рече дека на ова прашање Заев ќе одговори во судскиот случај Пуч. И на денешната седница специјалната обвинителка не го образложи финансискиот дел од извештајот, ниту за што се потрошени повеќе од 60 милиони денари во изминатите 6 месеци.

Наспроти вчерашното барање на Јанева СОбранието да и го продолжи мандатот, Јанева попладнево побара од пратениците целосно да го укинат членот 22 од законот за Специјално обвинителство, односно нејзиниот тим да нема рок во кој ќе мора да ги заврши истрагите.