Ракомет
27. February 2017 - 7:30

Душебаев по третпат сезонава во тимот на колото

Десниот бек на Вардар, Алекс Душебаев по третпат сезонава се наоѓа во изборот за најдобриот состав на колото. Душебаев номинација имаше во 1.коло; во 10.коло и во последното одиграно во 12.коло. На дуелот со Цеље тој постигна 8 голови.

Најдобрата „седморка“ на колото ја сочинуваат:
лево крило - Гудјон Сигурдсон (РНЛ)
лев бек - Момир Илиќ (Веспрем),
среден бек - Габор Часар (Кадетен Шафхаузен)
Алекс Душебаев (Вардар)
Богдан Радивојевиќ (Флензбург)
Михаел Кнудесн (Силкеборг)
Гонзало Перез де Варгас (Барселона).