Македонија
13. November 2015 - 12:12

Досега издадени 241.649 потврди за барање азил

Во изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 2.897 странски државјани, за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, а вкупно досега издадени се 241.649 потврди.

Како што соопшти МВР, од нив 1.531 се од машки пол, 481 се од женски, 634 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 251 дете кои патуваат без родител. Според државјанството најбројни се лицата од Сирија -1.351, Авганистан–798 и од Ирак-307.

Во периодот од 19 јуни годинава 15 до ноќеска на полноќ издадени се потврди на вкупно 241.649 странски државјани. Од нив 143.622 се од машки пол, 36.333 се од женски, 49.244 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 12.450 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-151.515, потоа Авганистан-52.255, Ирак-19.218, Пакистан-4.947, Иран-4.999, Палестина-2.011, Сомалија-1.233, Бангладеш-1.112, Мароко-798, Конго-510, Алжир-378, Либан-409, Нигерија-273, додека останатите се во помал број.

Во изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барање се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар вчера евидентирани се вкупно седум баратели на азил, четворица мажи, една самохрана мајка и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, тројца баратели на азил (малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Мобилните тимови на Црвен крст изминатото деноноќие на граничниот премин Табановце укажале прва помош на 414 лица, а во Гевгелија на 470 лица, а дистрибуирана е и храна, вода, средства за хигиена.