Македонија
22. July 2016 - 16:13

Дополнителната проверка на само 39.000 гласачи е конечно прзнание на СДСМ за лажните фантоми

Фантомската математика на Заев и Шеќеринска доживеа класичен дебакл. Во опозицискиот кампус многу прашалници. Членството на СДСМ и граѓаните се чудат – новинарите прашуваат. Што се случи со фантомите на Шеќеринска и Заев

Со последниот договор меѓу политичките партии, СДСМ се согласи теренски да се проверат само 39.000 гласачи со што конечно призна дека обвинувањата дека на последните избори им биле украдени 200.000 гласа се само дел од опозицискиот фолклор за продлабочување на политичката криза.

Дополнително, сите 39.000 гласачи кои дополнително ќе се проверуваат се етнички Албанци и не се дел од гласачкото тело на македонските политички партии, што беше и главната причина поради која, ДУИ и ДПА не се согласуваа со предлогот на СДСМ.

Изборната историја во Македонија покажува дека ВМРО-ДПМНЕ редовно го прегазува СДСМ со околу 200.000 разлика, разлика која се стабилизираше во последните неколку циклуси.

Извори од Бихаќка брифираат дека по последниот дебакл, Радмила Шеќеринска е под силен удар на партиското членство кое бара заменик претседателката по серијата порази, конечно да понесе одговорност. Таа пак, соочена со притисокот од вчера, наместо фантомска, почна да предава весела математика.

Експертската јавност денеска вели дека ваквите изјави на Шеќеринска едноставно не се за коментирање, На шега додаваат дека замената на Донтовиот со моделот на Шеќеринска, на ВМРО-ДПМНЕ веројатно ќе му донесе над 70 пратеници.