Донаторска конференција на ОН за помош на Рохинџите
Обединетите нации денеска почнаа донаторска конференција, чија цел е да се обезбедат 434 милиони долари помош за бегалците Рохинџи од Мјанмар. Европската унија и Кувајт претседаваат со конференцијата и се очекува да дадат најголем придонес.
Околу 600.000 Рохинџи, припадници на муслиманска заедница од северот на Мјанмар, пребегаа во соседниот Бангладеш во изминатите месеци, откако армијата на Мјанмар почна да ги напаѓа нивните градови и села. Инцидентите беа предизвикани од група Рохинџи герилци кои ги нападнаа позициите на мјанмарската армија на 25 август, убивајќи 12 војници.
Досега околу 100 милиони долари се собрани од страна на Обединетите нации, а ЕУ вети дека ќе придонесе со уште 30 милиони евра. Средствата се неопходни за одржување на бегалските кампови во Бангладеш. Амбасадорот на Бангладеш во ОН, Шамим Ахсан изјави дека вкупната бројка на Рохинџи бегалци во Бангладеш изнесува речиси еден милион и дека состојбата е неиздржлива.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници