Доналд Трамп: Жалам што го избрав Џеф Сешенс за државен обвинител на САД
Американскиот претседател Донад Трамп изјави дека „жали што се определил Џеф Сешенс да биде државен обвинител на САД“ и дека никако не би се определил за него доколку знаел дека тој ќе се спасува себе си од главната истрага во врска со контактите со руски функционери.
Во интервју за „Њујорк Тајмс“, таквиот потег на Сешенс кој е и министер за правда, Трамп го оценува како „крајно нефер однос кон претседателот“.
Џеф Сешенс се определи да се спасува себе си од истрагата, откако призна дека во текот на претседателската изборна кампања во 2016 година се сретнал и разговарал со рускиот амбасадор во САД.
Претседателот Трамп во интервјуто го осудува својот министер и државен обвинител и за ,како што вели „давањето лоши одговори“ во текот на прелиминарното сослушување на кое и призна дека се среќавал со амбасадорот на Русија.
Интервјуто во „Њујорк Тајмс“ го покажува незадоволството и револтот на претседателот на САД за тоа како се развиваат настаните околу истрагата за руските врски.
- Специјалниот истражител никогаш немаше да биде именуван за овој случај. Сешенс немаше да се спасува себе си, а ако веќе го направи тоа, мораше да ми каже порано, уште пред да ја преземе функцијата што му ја доделив, па јас ќе определев друг човек, вели Трамп , забележувајќи дека „не е фер да се прифати една функција, а потоа да се спасуваш себе си“.
Засега нема никаков коментар од државниот обвинител на јавните и остри критики од страна на претседателот Трам.
Џеф Сешенс е еден од најраните поддржувачи на Трамп во неговит обид да влезе во Белата куќа, соработувајќи како висок советник за политика, за безбедност и за полициско работење.
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје