Доналд Трамп: „Екстра данок„ за американските компании што го селат бизнисот во странство
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани со казнување на американските компании што ќе го преселат својот бизнис некаде во странство.
Трамп најави „екстра данок“ од 35 отсто за производите што ќе се продаваат во САД, што се произведени од американски компании, во нивните капацитети и погони во разни земји низ светот.
„Ние ќе ги намалиме даноците и ќе ја олесниме регулацијата за бизнисот, но секој што својот бизнис ќе го пресели од САД во странство, градејќи таму фабрики или погони, за да ги продава тие производи на домашниот пазар, греши доколку мисли дека тоа нема да помине без никакви последици„, напиша Трамп на Твитер.
Американските медиуми пренесуваат дека бил посочен примерот на корпорацијата „Рекснорд“, која најави дека дел од својот бизнис, еден погон од сојузната држава Индијана ќе го пресели во Мексико. Затворањето на погонот во Индијана би предизвикало затворање на 300 работни места во САД.
Новоизбраниот претседател вели дека вакви примери има многу низ САД, но дека тоа „ сега ќе биде запрено“.
Правни експерти и бизнисмени објаснуваат дека ваквите најави нема лесно да поминат, затоа што Трамп и неговата администрација ќе се соочат со правни предизвици и дека тоа не ќе може едноставно да се изведе.
- Казнувањето на бизнисот со „екстра данок“ би донело прекршување на повеќе сегашни закони и прописи, па тоа не може да профункционира без согласност на Конгресот, изјавиле за американските медиуми правни експерти.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња