Фудбал
29. April 2017 - 20:32

Домашните екипи без постигнат гол на пет дуели во Премиер лигата

На петте дуели одиграни денеска во Премиер лигата домашните екипи не постигнаа ниту еден гол. Гостите беа нешто поефикасни и остварија три победи, а два гола постигнаа само играчите на Барнли, кој ја остварија првата гостинска победа сезонава.

Резултати: Саутемптон - Хал 0:0, Стоук - Вест Хем 0:0, Сандерленд - Бурнемут 0:1, ВБА - Лестер 0:1 и Кристал Палас - Барнли 0:2.
Утре се играат дуелите:Манчестер Јунајтед - Свонси, Евертон - Челзи, Мидлсброу - Манчестер Сити и Тотенхем - Арсенал.
Последниот дуел се игра во понеделник меѓу Вотфорд и Ливерпул.