Живот
14. December 2017 - 14:22

Докторот и „препишал“ оргазми за да ја излечи депресијата - Денес таа открива што се случило кога го послушала

Една жена во Австралија, чиј индетите медиумите го сокриле, останала шокирана кога докторот и „препишал“ оргазми за да се излечи од депресија. како девојче, често ја кубела косата и патела од анорексија и булимија. 

По бројните проблеми со расположението, аксиозноста и бесот, конечно било откриено дека пати од биполарно пореметување.

Затоа докторот и препишал лекови и предложил да не пие алкохол и почне да вежба - во прашање се стандардни совети.

Меѓутоа, потоа и препорачал и секс - колку што може повеќе да издржи.

Судејки по автралискиот сајт whimn.com.au, оваа жена имала природно голем нагон за секс, така што за неа и нејзиниот партнер значело многу.

Мајката на три деца одлучила до збор да го послуша докторот и останала зачудена кога открила дека регуларниот секс со сопругот и помага своето расположение да го доведе во ред.

Судејки по нејзиниот доктор, оргазмите ги ослободуваат хормоните за добро расположение, а спермата содржи соединенија кои делуваат како благи антидепресиви.

Биполарното пореметување, од предходно е познато како манична депресија, е состојба којавлијае на нашето расположение кое за многу кратко време може од еуфорија да прејде во бес или летаргија - и обратно.

Луѓето кои патат од ова пореметување минуваат на периоди на депресија и периоди кога се премногу активни.