Македонија
15. October 2015 - 17:12

Доколку Србија прва ги затвори границите нашата држава се соочува со реална опасност да биде отсечена и изолирана

Доколку Србија прва ги затвори границите нашата држава се соочува со реална опасност да биде отсечена и изолирана и со самото тоа да стане нов собирен центар за бегалци и мигранти.Не е никакво изненадување ако бранот на бегалци биде злоупотребен меѓу наизглед невините бегалци сосема е можно да се кријат и многумина од боиштата во своите земји беше констатирано на панел дебата на тема Европската бегалска криза –причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Македонија.

Според експертите крајот на бегалската криза не е наповидок ,за справување со кризата потребно е координирано меѓународно решение.

Според официјалните информации и и проценките на експертите низ нашата држава само во последните три месеци влегле и успешно биле транспортирани околу 250 илјади лица од Сирија и од кризните подрачја во Африка,Азија и Блискиот Исток,додека од почетокот на годината низ Балканот транзитирале над 400 илјади  бегалци.