Македонија
1. October 2015 - 8:29

Доделување сертификати за енергетска ефикасност во градежништвото

Во рамките на Проектот „Build Up Skills“ - Обука на градежни работници за енергетска ефикасност, денеска во Стопанската комора на Македонија ќе бидат доделени сертификати на првите 200 тренери.

На настанот, воедно, ќе бидат презентирани следните чекори во  остварувањето на националните енергетски цели преку обезбедување квалификувани работници во градежниот сектор за енергетска ефикасност што ќе се спроведуваат преку овој проект.

Проектот е финансиран од Европската унија, а Стопанската комора на Македонија е носител на проектните активности.