Доделени првите 200 сертификати за тренери за градење енергетски ефикасни згради
Во Стопанската комора на Македонија денеска беа доделени сертификатите на првите 200 тренери кои ја поминаа обуката за инструктори и тренери за градежни работници за градење енергетски ефикасни згради, во рамки на проектот „Build Up Skills“.
Проектот е иницијатива на Европската комисија за постигнување на енергетските цели 20 20, а Македонија учествува преку конзорциум предводен од Стопанската комора.
- Македонија е единствена земја надовор од земјите на ЕУ која е вклучена во овој проект. Затоа со особено внимание го работиме проектот и ги едуцираме тренерите, а понатаму и работниците за земјава да ги достигне целите што се зацртани во стратегиите за енергетска ефикасност на Република Македонија и на Југоисточна Европа за намалување на потрошувачката на енергија, изјави Јадранка Аризановска од Стопанската комора пред почетокот на доделувањето на сертификатите.
Таа нагласи дека токму градежните објекти се класифицирани како најголеми потрошувачи на електрична енергија.
Координаторот на процесот за препознавање на вештините и знаењата, проф. Кристина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје (ФЕИТ) посочи дека моделот за препознавање на знаењата и вештините прв пат се применува во Македонија, а е на зачеток и во ЕУ.
- Со денешниот ден завршува првиот дел, а од утре почнуваме со најмасовниот дел од проектот - на 1.000 работници од градежниот сектор да им се препознаат дипломите, односно нивните претходни знаења и вештини. Тоа е тежок процес бидејќи станува збор за една стопанска област во која има многу работници кои имаат знаења и вештини и работат на објектите, а од друга страна немаат формално образование. Целта на моделот што го разработи ФЕИТ во рамките на проектот е токму да им се признае нивното неформално образование, односно сето она што го стекнале како знаење во областа на енергетската ефикасност да им биде сертифициртано и да добијат дипломи, рече Спасевска.
Таа изрази надеж дека Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука ќе го препознаат моделот за препознавање на знаењата и вештините и оти ќе стане дел од процесот за препознавање и за други области во државата.
Жанина Стаменкова, дел од тимот на инструктори на тренерите за греење, ладење и вентилација рече дека е задоволна од процесот на обука.
- Луѓето кои денеска ќе ги добијат дипломите се оспособени да ја завршат следната фаза на овој проект. Кандидатите за тренери беа високостручни инженери чие знаење требаше да биде надополнето од областа на дидактиката, односно пренесување на знаењето на работникот и нивното оценување, рече Стаменкова.
Лазе Штипјанов, кој учествуваше во повеќе од обуките, посочи дека од сите пет тренинг провајдери кои учествуваа во проектот беа изведени соодветни теоретски и практични обуки со соодветни прирачници и разни тренинг материјали.
- Отворен е повикот за пријавување на градежните работници за препознавање на претходни вештини и знаења од областа на енергетска ефикасност во рамките на кој со активно учество на веќе сега сертифицираните тренери ќе имаат можност да се здобијат со сертификат за едно од петте занимања за кои би аплицирале, рече Штипјанов.
Пандил Милошевски од Тензор ДООЕЛ Скопје нагласи дека добивањето на сертификатот за тренер за енергетска ефикансост ќе му помогне во практичната работа.
- Како директен ученик во оперативниот дел во градежништвото сметам дека оваа обука има особено значење и секторот за енергетска ефикасност го издигнува на едно повисоко рамниште. Ова знаење ќе го имплементираме во градежниот сектор и со тоа ќе станеме поконкурентни на домашниот, но и на надворешните пазари, рече Милошевски.
Со неговото мислење се согласи и Бранко Индов од Рехау Скопје.
- Во нашата компанија имаме доста интерни обуки, но тие важат само во делот на нашите простории и нашата дејност. Сепак, за да се верифицираат треба да бидат во склоп на државата и затоа го поздравуваме прокетот. Сметаме дека идните тренери ќе ги обучат столарите правилно да ги извршуваат своите оперативни работи во делот на енергетската ефикасност, рече Индов.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец