Бизнис
8. February 2017 - 17:00

Добавувачите бараат алтернативни рути границата кон Грција останува затворна

Најголемиот граничен премин меѓу Македонија и Грција десетти ден останува блокиран. За штетите од блокадите денес се огласи и Окта, која покрива од 70% македонскиот пазар на гориво.

Информираше дека има залихи за уште вкупно 12 дена, но дека има план за снабдување преку алтернативни но поскапи рути преку Бугарија и Албанија.

Властите засега изјавуваат дека ситуацијата будно се следи.

Од Окта велат дека најголем е проблемот со мазутот потребен за работа на РЕК Битола, но од ЕЛЕМ соопштија дека производството на струја не е загрозено и дека компанијата, а и државните стокови резерви, располагаат со доволно залихи.

Апели за надминување на блокадите пристигнаа и Сојзуот на синдикати, како и стопанските комори. Реагираше и солунското пристаниште со информација дека таму чекаат 120 илјади тони стока за македонската индустрија. Транспортерите велат дека колоната камиони на границата се протега на пет километри      

Грчките фармери се гневни заради зголемувањата на даноците, социјалните придонес и и цените на горивата.  За македонското стопанство, натамошно влошување на состојбата би било доколку се реализираат заканите за блокади на сите излези од Грција.