Македонија
4. August 2016 - 17:06

До ДИК пријавени 1560 сорни гласачи

Државната изборна комисја со јавен повик до граѓаните со спорни записи: да помогнат во прочистувањето на избирачкиот список и преку активна регистрација да го потврдат своето гласачко право. До денеска вкупно 1560 гласачи се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или на веб апликацијата на интернет страницата на ДИК, во најголем број од Чаир, Тетово, Аеродром, Кичево и Центар. Со цел поголема информираност на граѓаните, комисијата почна и со јавна кампања, за која како што велат дава резултати.

На денешниот брифинг со новинарите претседателот на ДИК, Александар Чичаковски информираше дека покрај име, презиме, адреса и матичен број, на следните парламентарни избори во списокот ќе биде вметната и слика на гласачите. Комисијата веќе ги превземала податоците од базата на МВР, а на ваков начин ќе се спречат можните злоупотреби на гласачкото право. Од ДИК велат дека најголем проблем имаат со граѓаните кои ја менуваат адресата на живеење или па се иселени од државата, без тоа уредно да го пријават во МВР. Од тие причини на една адреса се јавуваат повеќе гласачи. 

Чичаковски истакна дека проверката на близу 40.000 спорни записи е решение на политичките партии, изгласно од Собранието, а кај сите членови на ДИК има волјда тоа доследно да се спроведе за сите да имаат доверба во избирачкиот список.

Рокот за пријавување во ДИК истекнува на 19 август, но спорните гласачи ќе имаат и втора можност да го потврдат своето избирачко право за време на јавниот увид пред изборите. Чичаковски уверува дека целосен извештај за тоа колку лица се пријавиле ќе биде објавен до 30 август. Истиот ќе биде испратен и до политичките партии со цел тие да проценат дали има услови за одржување на предвремени парламентарни избори на 11 декември годинава.