За Сандра Булок - Златна малина
„Благодарение“ на улогата во филмот Се за Стив, Сандра Булок доби Златна малина за најлоша актерка на годината. Најлош филм е Трансформерси:Одмазда на поразениот, а најлоши актери се браќата Џонас.
Доколку вечерва освои и Оскар за улогата во филмот The Blind side, популарната Булок, ќе биде единствена која е „среќна“ во иста година да ги добие и двете награди. Интерено беше што таа, за разлика од големиот број „наградени“, се појави на свеченоста лично да ја прими Златната малина.
Таа со себе донесе и полна количка со ДВД издание на филмот за да им ги раздели на присутните бидејќи тврди дека „филмот не го ни гледале“.
- Ви благодарам што со својата лоша одлука ми ја уништивте кариерата, изјави таа и се закани дека во знак на одмазда, до четири наутро ќе им го чита текстот од својата улога.
Во филмот таа глуми необична девојка чија работа е составување крстозбори во весници и се заљубува во снимател (Бредли Купер) кого го „брка“ целилот филм.
Златна малина за најлоша машка улога поделија меѓу себе браќата Џонас, за улогите во филмот Jonas Brothers:The 3-D concert Experience.
Беа доделени и награди за најлош филм на деценијата - Battlefield Earth, базиран на делото на основачот на Саентолошката црква Л. Рон Хабард.
Најлош глумец на деценијата е Еди Марфи, а најлоша актерка Парис Хилтон.
Победниците ги бираат 657 гласачи во САД и 19 од држави во светот. Златните малини се доделуваат од 1980 година, ден пред доделувањето на Оскарите, како своевидна пародија на церемонијата на Академијата за филмска уметност и наука.
Поврзани вести
Занимливости
|



















