Вештачкото оплодување со увозна сперма е кривично дело во Турција

16.03.2010 - 10:32 |

Во Турција вчера е усвоен нов закон според кој за кривично дело се смета вештачкото оплодување на Турчинките со сперма на донатор од странство.

Вештачки предизвиканата бременост и претходно била нелегална во Турција, но жените досега можеа да бараат во странство донатори на сперма за ваков вид забременување, меѓутоа од сега, по усвојувањето на новиот закон, ќе бидат одговорни за дело кое повлекува казна затвор до три години.

Западните медиуми објавија дека во Турција голем број активности се наоѓаат на списокот работи кои се забранети со закон, но најновата меѓу нив се оценува како „бизарна“.

Новиот закон го објави Министерството за здравство и најверојатно се заснова врз членот од Кривичниот закон на земјата кој им забранува на турските државјани да го сокријат татковството на своите деца.

Лекарите и правниците во Турција велат дека се уште се обидуваат да утврдат како Владата ќе го применува овој закон.

Донациите на сперма за вештачка бременост веќе долго време се нелегални во Турција, така што жените кои сакале да забременат на овој начин патувале во странство за да го направат тоа. Нивниот број е мал, се проценува на помалку од 100 случаи годишно, но еден гинеколог го опиша новиот закон како „голем чекор назад“.

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk