Станува збор за алкохол кој има многу повеќе кислород отколку стандардниот, а тоа им помага на оние кои ќе се опијанат, побрзо да се отрезнат.
- Алкохолен пијалок збогатен со кислород ја намалува концентрацијата на алкохол во крвта многу побргу отколку нормален пијалок. Тоа може да има клиничко значење, а може да се намали и бројот на несреќи предизвикани во пијана состојба, вели Кванг ил Квон од Универзитетот.
Тој вели дека трезнењето по пијанство со новиот алкохол е побрзо и безболно - без мамурлак.