Со светло модри очи и преголеми образи бебето-робот не изгледа сосема човечки, но јапонските инженери се надеваат дека ќе им помогнат на младите да ја сфатат убавината на родителството и да ги поттикнат на репродукција. Токму тоа е она што му треба на Јапонија која се соочува со демографска криза.
-Јотаро е робот со кој е можно да се оствари физички контакт и да е развијат слични чувства, како и со вистинското бебе, а младите луѓе со негова помош можат да ги совладаат родителските вештини, објаснува Хироки Кунимура, од јапонскиот универзитет за роботика.
Јотаро го менува изразот не лицето, симулира цимулење, ги движи рацете и нозете. Го менува расположението според тоа колку често е мазено, што го бележат сензорите во неговото тело, каде е исто така е сместен и проекторот што му го осветлува лицето, а е споен на комјутерот што симулира плачење, кашлање, спиење и смеење, преку ситните звучници.