Две „суперстогодишни“ жени починаа во ист ден
09.03.2010 - 11:47 |
Најстариот човек во САД и второ најстаро лице во светот, Мери Џозефин Реј, почина во неделата на 114 години и 294 дена.
Таа била родена на 17 мај 1895 година во Канада, а најстариот човек во светот, Јапонката Кама Чинен е родена седум дена пред неа.
По смртта на Реј, најстар човек во САД е Нива Морис од Ајова, родена на 3 август 1895 година (114 години и 216 дена).
- Само неколку часа по неа, во Детроит починала на 113-годишна возраст и Дејзи Бели, изјави Стивен Колс, директор на Групата за геронтолошки истражувања која следи и проучува случаи на лица постари од 110 години.
Покојната Дејзи Бејли според него, била родена на 30 март 1896 година, иако нејзиното семејство тврди дека тоа било во 1895 година.
Занимливости
|

















