Били Ајдол во Скопје

10.03.2010 - 15:46 |

Легендарниот рокер Били Ајдол ќе одржи концерт на 20 јуни во Скопје, јавува еРепортер.

Премиерниот настап на Били Ајдол во Македонија,, што ќе се одржи на скопското Лизгалиште, е во организација на продукциската куќа Авалон.

На оваа турнеја со него ќе настапи легендарниот гитарист Стив Стивенс и тие ќе се претстават со Best off program, соопштија организаторите.

Настапот на Били Ајдол беше прогласен за најдобар на фестивалот Егзит 2006, и тој е познат по големиот број хитови, меѓу кои "White weeding, Flesh for fantasy, Sweet sixteen, Speed, LA Woman, Dancing with myself...

По скопскиот концерт, познатиот рокер ќе настапи во белградска Арена, а потоа ќе биде дел и од музичкиот фестивал во Загреб.

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk