Американец заработува раскинувајќи љубовни врски за своите клиенти
Доколку ви е тешко да ја раскинете љубовната врска, тоа за вас може да го стори 35-годишниот Бредли Лејборман од сојузната американска држава Ајова.
Лејборман избрал да ги извршува „валканите работи“ за неговите клиенти. За одредена сума долари, секако.
Клиентите телефонски можат да го ангажираат да ги раскине нивните врски со партнерите.
Беше убаво додека траеше, а потоа љубовта исчезна. Тоа се првите симптоми за прекин на врската, но иако е тоа лесно за сфаќање, сепак, тешко е да се направи. Да бидеш напуштен, најблаго кажано, е непријатна работа, но има и такви кои едноставно не можат да изговорат „ доста е“ и на партнерот да му кажат дека е дојден крај на врската, објаснува тој.
Решението го нуди Лејборман, кој својата досегашна фрустрација смислил да ја претвори во извор на заработка. Се нафатил да го работи тоа што нему досега најчесто му го правеле партнерките во неговите врски.
Американецот го создал сајтот IDYMP4YU.com, преку кој им се нудел на заинтересираните за да го ангажираат да ги прекинува нивните врски.
За оваа услуга тој наплатувал само 10 долари.
Бредли телефонски ќе ја повикал одредената личност и ќе и ја соопштел тажната вест. Потоа, овие разговори ги „закачувал“ на Ју Тјуб.
Реакциите биле различни. Некои мислеле дека е сурово и злобно тоа што на ваков начин заработува пари, а тој, пак, се брани со тврдењето дека всушност извршува корисен јавен сервис.
Овој снаодлив Американец вели дека добива повеќе нарачки од жените, а забележува дека луѓето го ангажираат заради страв, бидејќи не знаеле како да го откачат партнерот.
-Го снимам секој разговор бидејќи никогаш не се знае што ќе се случи. Некои навистина заслужуваат да бидат оставени, бидејќи кога ја прекинувам врската на телефон слушам секакви гадости и затоа мислам дека е добро и останатите да го слушнат тоа што го кажува, вели Лејборман.
Занимливости
|

















