Македонската тениска репрезентација поразена од Унгарија

12.07.2010 - 08:38 |

Репрезентацијата на Македонија следната година ќе игра во третата Евро-африканска зона од Дејвис купот откако денеска во двата сингл меча во Годољо Кишкаштели загуби од Унагрија во двата последни натпревари или вкупно 4:1.

Први на теренот се појавија прворангираните играчи на двете селекции. Атила Балаш ја оправда улогата фаворит и со 3:0 во сетови го победи Димитар Грабулоски. Македонскиот тенисер освои шест гема во целиот меч – по сетови беше 6:3, 6:1 и 6:2. Со оваа победа Унгарија поведе со 3:1 и го обезбеди опстанокот, па така во последниот меч дојде до промена на пријавените тенисери.

Во тој дуел Гиорги Балаш на Томислав Јотовски му препушти само еден гем – 6:0 и 6:1 по сетови.
 
Во следната сезона од Дејвис купот Македонија ќе игра во Третата Евро-африканска зона, со тоа што, за разлика од претходно, сега оваа зона е поделена на европска и африканска што значи и пласманот во повисок ранг ќе треба да биде изборен во мечеви само со европски селекции.

Македонија во последните пет години играше две сезони во Првата и три сезони во Втората Евро-африканска зона, но серијата од шест порази по ред ја врати повторно на дното на Дејвис купот.

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk