Мобилните телефони во иднина ќе се „читаат“ од нашите усни

08.03.2010 - 11:29 |

Прототипот на новото технолошко решение со кое ќе се прекине заглушувачката врева при разговори по пат на мобилните, конечно е претставен на јавноста во Германија.

Иднината е во таа комуникација, прогнозираат истражувачите и новата комуникација ќе се одвива со мерење на тенки електрични сигнали кои ги произведуваат мускулите кои се движат кога некој зборува, јавува Би-Би Си.

Новиот апарат ќе ги бележи овие пулсирања дури и кога едно лице не испушта гласови и ќе ги генерира во синтетизиран говор кон другиот мобилен апарат.

- Се возев во воз и една личност која седеше до мене константно разговараше на телефон, така што помислив дека ова мора да се смени, рече за Би-Би-Си, Тања Шултз, професорка на Инситутот за технологија во германскиот град Карлсрухе.

- Ние тоа го нарекуваме тиха комуникација, рече таа.

Уредот кој сега и е претставен на јавноста во Германија се потпира на техниката која се нарекува електромиографија, а детектира електрични сигнали на мускулите. Инаку се користи за дијагностицирање на одредени болести вклучувајќи ги оние кои подразбираат оштетување на нервите.

Сегашниот прототип на овој апарат коиристи девет електроди кои се поставени на лицето на корисникот на телефонот.

- Тие ги фаќаат електричните потенцијали кои резултираат со вашето движење на мускулите за артикулација, објаснува професорката Шултз и додава дека тоа се тие мускули кои ви се потребни за да можете да разговарате.

Електричните пулсеви тогаш се префрлуваат на уредот кој ги снима и менува пред да бидат префрлени по пат на блутут на лаптот.

Таму посебен софтвер ги преведува сигналите во текст кои тогаш синтисајзер конечно вообличува во говор.

Во иднина, смета професорката Шултз, технологијата ќе може да биде спакувана во мобилен телефон за инстантна комуникација.

Во почетокот примената на оваа технологија ќе може да се врши кај луѓе кои го изгубиле гласот поради некоја болест или несреќа, но може да биде и основа за нов начин на преведување.

- Можете да зборувате на својот мајчин јазик и текстот тогаш може да биде преведен на друг јазик, објаснува професорката Шултз. Лицето со кое комуницирате после тоа би можела да го слушне синтетизираниот глас на друг јазик, додаде таа.

Оваа технологија веќе ја истражуваше американската НАСА за користење при едноставна команда во бучно окружување на вселенските станици, но новиот чекор кој го прават германските истражувачи е тоа дека системот сега би можел да препознае и сними цели изговорени реченици.

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk