Најмалку 26 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Индија

08.02.2012 - 12:41 |

Најмалку 26 лица загинаа денеска во сообраќајна несреќа во северната индиска држава Утар Прадеш.

Инцидентот се случил кога мал автобус преполн со луѓе кои патувале на свдаба, удрил директно во камион, кој се движел со поголема брзина од дозволената.

Според полициските власти, освен 26 жртви има и 13 повредени, кои се пренесени во болница.

Официјалните податоци покажуваат дека во сообраќајни несреќи во Индија годишно гинат 120.000 луѓе, што ја става земјата меѓу првите во светот.

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk