Доживотно зад решетки и “Британскиот Фрицл”
11.03.2010 - 17:19 |
Британски "Фрицл" цели 35 години ги силувал сопствените керќи кои му родиле седум деца. Социјалните служби не реагирале од страв да не бидат тужени поради недостаток на докази за инцест. Дилемата ја решила полицијата.
По 35 години непрекинато силување на сопствените ќерки, 56-годишниот татко заврши во доживотен затвор.
Несреќните девојки вкупно биле бремени 18 пати и заедно родиле седум деца.
Додека тие минувале низ пекол и долг терор, никој од армијата социјални работници кои го посетувале семејството од британскиот град Шефилд не се осудил да реагира од страв да не биде тужен поради недостаток на докази за инцест.
Семејството заради тоа се селело 67 пати.Дилемата е решена, а британскиот Фрицл веднаш е уапсен откако жртвите го пријавиле случајот во полиција.
Идентитетот на таткото и ќерките не е објавен, но деталите за случајот да. Требаше да ве заштитиме и навреме да реагираме е одговорот кој им го упатила агенцијата за заштита на деца на злоупотребуваните сестри. Најавија дека навреме ќе реагираат во иднина.
Како што пишува британскиот весник “Дејли мејл“ властите преземале“колективна вина“, на основа на која никој не може да остане без работа или да одговара за направените пропусти.
Емилија Митковска
Свет
|


















Коментирај