Авганистанските пратеници бараат од Русија репарации од окупацијата

19.03.2010 - 09:53 |

Членови на авганистанскиот Парламент бараат од руската Влада воени репарации за опустошувањето, причинето од Црвената армија за време на деветгодишната окупација, пишува лондонскиот весник „Дејли телеграф“ и додава дека предлогот веќе е доставен во Долниот дом на Парламентот.

Околу 1,5 милиони Авганистанци загинаа во ’80-те години од минатиот век, кога Москва изведуваше бомбардирања, артилериски напади и масовни убиства поради неуспешниот обид да се справи во отпорот на муџахедините. Репресиите принудија меѓу пет и шест милиони Авганистанци, што претставува една третина од населението, да побараат спас во Пакистан и Иран.

Секретарот на Долниот дом на авганистанскиот Парламент изјави дека предлогот е подготовен од голема група парламентарци и во него се вели дека авганистанскиот народ бара репарации за случувањата во Авганистан при инвазијата на поранешниот Советски сојуз.

Претходните барања за репарации пропаднаа поради желбата за воспоставување поблиски односи со Русија и поради нејаснотиите дали треба да се бараат компензации за одделни активности или за разорување на државата како целина.

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk