Хрватскиот ракометен сојуз препорачува на навивачите да не одат во Србија

26.01.2012 - 13:53 |

Хрватските навивачи најверојатно нема да дојдат организирани во Белград на полуфиналниот меч на ракометното првенство на Европа со Србија, јавија денеска медиумите во Загреб.

- Се обидуваме да направиме се што е до нас, но во ваква ситуација организаторот е беспомошен. Би требало да се донесат 50.000 полицајци за да помине се како што треба. Мораме да се прилагодиме на тешката ситуција. Единствено што ние можеме е да препорачаме на навивачите воопшто да не доаѓаат во Србија, затоа што мислиме дека тоа е најпаметно, рече потпретседателот на Ракометниот сојуз на Хрватска, Зоран Гобац.

Хрватската државна телевизија наведе, дека и некои туристички агенции ги откажале аранжманите за доаѓање во Белград што потврди и претседателот на тамошниот сојуз, Санди Пола.

Група хулигани во вторникот навечер нападнаа во Нови Сад и во Рума колона автомобили со хрватскки навивачи кои се враќале од натпреварот против Франција.

Српската полиција приведе 12 лица кои се осомничени за организација на нападот.

Хрватските навивачи во Нови Сад според тврдењата на очевидци во текот на натпреварот и потоа повеќе пати скандирале „Вуковар, Вуковар“ и „Кој не скока, православен е“.

- Тоа е неприфатливо. Ако ние ги осигуравме навивачите на Хрватска  без проблеми да го бодрат својот тим, очекуваме навивањето да биде максимално коректно. Почитувањето мора да биде взаемно, рече претседателот на РСС, Велимир Марјановиќ.

Тој додаде дека организаторите ќе се издигаат над овие инциденти и ќе се обидат да бидат што подобри домаќини.

Натпреварот на полуфиналето на ракометниот ЕП Србија - Хрватска игра утре во 20,15 часот во Белградска арена.

Се вчитува...

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk