07.09.2010 - 13:25

Нема правна основа за екстрадиција на Лирим Јакупи - Нацист. Ниту Македонија, ниту Србија, нема да го добијат најбараниот балкански екстремист додека не ја отслужи казната на Косово.

07.09.2010 - 13:09

Нови вработувања и поголем буџет за јавните обвинителства- најава на министерот за правда Маневски во пресрет на донесувањето на новиот закон за кривична постапка со кој обвинителите стануваат клучна алка во истрагата.

07.09.2010 - 12:59

17- годишниот Џемаил Исеини, ученик во средното училиште “Гошо Викентиев”, се удави во каналот од хидросистемот Брегалница, што минува низ Кочани.  

07.09.2010 - 12:40

Со 86 гласа за и 5 против, пратениците го изгласаа Деловникот за работата на Собранието.

07.09.2010 - 12:39

Двајца Македонци и еден Црногорец биле лажно обвинети дека носат оружје на летот од Подгорица до Франкфурт, поради што авионот на “Монтнегро еирлајнс“ морал да се врати на аеродромот во Подгорица кратко откако полетал, објави интернет страната www.exyuaviation.com која објавува вести поврзани со воздрушниот сообраќај на небото од поранешна Југославија.

07.09.2010 - 12:30

Претседателот Ѓорге Иванов e оптимист  за брзо решение на спорот со Грција.

07.09.2010 - 12:17

Република Македонија утре одбележува 19 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

07.09.2010 - 09:59

Податоците што ги објави Секторот за внатрешни работи од Охрид укажуваат на зголемен број регистрирани кражби во Охрид и плажите на охридската ривиера. Според охридската полиција, во јули годинава биле пријавени вкупно 42 случаи на кражби, од кои 24 кривични дела „тешка кражба“.

07.09.2010 - 09:58

Во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи второто рочиште од судскиот процес за минатогодишната несреќа на Охридското Езеро, во која при судар на брз моторен чамец и скутер на вода животот го загуби 39-годишната Ирина Романова-Муцунска од Скопје.

07.09.2010 - 09:53

Анкетната комисија за настаните во Собранието случени на 1 јули денеска ќе ја одржи втората седница на која се очекува да биде  сослушана претседателката на Здружението на стечајци „Унит“ од Куманово, Лилјана Георгиевска.

07.09.2010 - 09:33

Целосно реконструираниот, реставриран и конзервиран југозападен бедем на скопската тврдина Кале ќе биде специјално осветлен вечерва, во предвечерието на празникот 8 Септември-Денот на независноста на Македонија.

07.09.2010 - 09:24

Припадниците на полкот за специјални операции на АРМ ќе донираат облека, обувки и храна за социјално загрозени семејства и на хендикепираните лица.

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk