09.09.2010 - 12:01

Во организација на Македонскиот совет на Западна Австралија во Перт во присуство на бројни македонски иселеници, како и угледни гости од австралискиот општествен живот вчера се одржа свечен прием во чест на Денот на независноста на Република Македонија.

09.09.2010 - 11:04

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска испрати честитка до претседателот на исламската верска заедница во Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџеп, до членовите на Ријасетот и до сите верници од исламската вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.

09.09.2010 - 10:57

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, по повод големиот муслимански празник Рамазан, вчера организираше Ифтар-вечера, на која присуствуваа претседателот на Исламската верска заедница во Република Македонија Реис Ул Улема Сулејман ефенди Реџепи, повеќе муфтии и високи претставници на Исламаската верска заедница, пратеници и владини функционери.

09.09.2010 - 10:50

Воена делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Австрија, предводена од началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Австрија, генерал Едмунд Ентахер од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на АРМ.

09.09.2010 - 10:40

Муслиманите во Република Македонија, како и целиот исламски свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии ќе се служи утрински Бајрам-намаз.

08.09.2010 - 18:53

Со свечена литургија со која чиноначалствуваше неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на митрополитите г. Тимотеј и г. Агатангел, денеска започна проектот за возобновување на комплексот „Светиклиментов универзитет“ на Плаошник во Охрид.

08.09.2010 - 18:06

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска пред медиумите најави крупни, круцијални реформи во судскиот систем, како и зголемување на буџетот наменет за судството, од 0,4 на 0,8 отсто од бруто домашниот производ. 

08.09.2010 - 16:52

Македонија од 1991 година до денес немаше ни малку лесен пат, во оваа транзиција на демократија и консолидирање на институциите, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

08.09.2010 - 16:16

Станислава Чочоровска Полетан спасила живот. Најпознатата затвореничка во идризово вчера уторот и го спасила животот на велешанка која сакала да си го одземе животот.

08.09.2010 - 16:02

По еден жесток распад и голем страв кој владееше на Балканот, излеговме глатко и направивме една пристојна демократија во тешки услови.

08.09.2010 - 15:23

Воена делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Австрија, предводена од началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Австрија, генерал Едмунд Ентахер од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на АРМ.

08.09.2010 - 15:21

Полицијата вчера го приведе црногорскиот државјанин К.Р. (46) и против него поднесе кривична пријава за „изнуда“  врз бизнисмен оd Скопје.

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk