Водата во Гостивар се уште забранета за пиење

19.03.2010 - 12:09 |

Водата од градскиот водовод во Гостивар и натаму не е технички исправна и затоа останува во сила забраната за нејзина употреба.

Населението се снабдува со вода со четири цистерни распоредени низ градот, како и со приватни рачни пумпи и бунари.

Забраната за користење на водата беше воведена на 16 март кога беше забележано заматување на водата во изворот на Вардар, од каде се снабдува гостиварскиот водовод.

Со цел надминување на овој и на другите комунални проблеми, денеска во Гостивар е министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој се среќава со градоначалникот Руфи Османи.

Во Гостиварско е и министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, кој ќе присуствува на почетокот на поставувањето цевководот на филтер станицата за прочистување на водата за пиење во село Здуње.
 

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk