Меѓуопштинскиот центар за социјални работи подготви предлог кој ќе го достави до Судот за одземање на родителското право на Марта и Гоце Кулески. Според директорката на Центарот, Снежана Јованоска, предлогот до судот најверојатно ќе биде доставен в понеделник.
- Детето мора да го изолираме од родителите без оглед на крајниот исход на нашата постапка. Затоа е сместено кај роднини. Ако судот го одбие нашиот предлог за одземање на родителското право, тогаш детето ќе биде вратено, смета Јованоска.
Таа вели дека им понудиле на родителите Кулески три просечни плати за да го земат телото на починатата едногодишна Билјана, која настрада при пожар во семејната куќа, но тие одбиле. Потоа детето службено било погребано во Скопје.
Гоце Кулеси енергично демантира дека добил таква понуда. Со сопругата Марта се категорични дека нема да ја дадат ќерката.
- Детето јас не си го давам. Како што можам така ќе го гледам. В град нека седи. Нека седи кај тетка му, вели таткото Гоце Кулески.
Од семејството Петрески, каде е сместена тригодишната Ангела потенцираат дека државата треба да им помогне на Гоце и Марта, а не да им го зема детето. Несреќата кога им изгоре 13-месечното бебе, велат може секому да се случи, но тие треба да си ја гледаат тригодишната ќерка.
Марта Кулеска се подготвува да отпатува за Албанија, каде за три месеци треба да се породи на сметка на родителите.
Коментирај