Тинекс формираше одбор за општествена одговорност
Средствата од продадените биоразградливи пластичи кеси во нивните маркети ќе бидат донирани за помош во здравството, образованието, уметноста, културата...
Првата донација во вредност од 1 милион денари денеска беше предадена на институтот за белодробни заболувања козле. Од парите ќе бидат набавени неопходни апарати.
Тинекс формираше одбор за општествена одговорност. На овој начин преку донации компанијата уште повеќе ќе се грижи за потребите и развојот на заедницата.
Средствата од продадените биоразградливи пластични кеси во Тинекс маркетите, како и пари од сопствени извори ќе бидат донирани за реализација на проекти во здравството, образованието, уметноста, културата, за разубавување на околината како и за помош на социјално ранливите групи.
- Во изминатите 17 години „Тинекс” успешно работеше и се развиваше на македонскиот пазар. Реализиравме многу проекти со кои покажавме дека паралелно со грижата и посветеноста на нашиот развој се грижиме за развојот на заедницата. Тргнувајќи од фактот дека ја носиме одговорноста за заедницата и за нејзиниот просперитет, а продолжувајќи ја нашата традиција, решивме нашата грижа за заедницата да ја издигнеме на едно повисоко ниво, рече Кристина Тодоровиќ-Николиќ, извршен директор на Тинекс”.
Покрај претставници од Тинекс во одборот кој ќе ги избира проектите каде ќе бидат наметени донациите членуваат еминентни личности од општествениот живот.
-Донацијата е еден благороден гест во рамки на кои некој кој добро работи му помага на другиот, рече Венко Андоновски, универзитетски професор и писател.
Ова своја иницијатива Тинекс ја стартуваше со донација од 1 милион денари за Институтот за белодробни заболувања Козле .
Со парите ќе бидат купени 2 бронхоскопа и кардиолошка сонда кои им биле најнеопходни за подобар третман на децата кои се лекуваат во оваа здравствена установа.
Александар Динев
Македонија
|






















Коментирај