Стечајците му однесоа крава на Бранко Црвенковски
11.03.2010 - 22:26 |
Стечајци, лица оставени како технолошки вишок, земјоделци - собрани од неколку градови сите невработени, донесоа крава пред седиштето на Социјалдемократскиот сојуз да го потсетат Црвенковски на транзицијата.
Го обвинија дека се оставени жртви на транзицијата од, како што велат, криминалната приватизација.
Побараа од Црвенковски да оди во пензија и да ја остави политиката. Прашаа зошто не се затворени челниците на фирмите кои отидоа во стечај.
Од Социјалдемократскиот сојуз обвинија дека штрајкот е организиран од владејачката партија.
Од ВМРО ДПМНЕ негираат било каква вмешаност во денешниот протест. Велат граѓаните бараат одговори за затворените фирми, невработените, измамените штедачи.
Марина Доковска
Поврзани вести
Македонија
|



















BC atentatopot
Ova e za vo Ginis rekord ovakov protest nema nikoj politica vo svetot dobieno i uvek on e prv ali za sto kriminal...
Коментирај