Јанкулоска-Дачиќ: Мора да направиме се за Европа да не се уплаши од Западен Балкан
12.03.2010 - 10:05 |
Не смееме да дозволиме Европа да се исплаши од Западен Балкан и да ја загрозиме европската иднина на регионот. Ваква е пораката на српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер на соседна Србија.
Иако бројот на азиланти според него не бил голем, сепак ова што се случува е лоша порака за Унијата.
- Мора да направиме се за Европа да не се уплаши од Западен Балкан. Заеднички ќе истражуваме дали во тој процес има форма на организиран криминал и намера од одредени луѓе или од туристички агенции, изјави Дачиќ.
Околу четиристотини азиланти од Србија заминале за Белгија исто колку и од Македонија, но за разлика од тоа што тие имаат околу шестотитни азиланти во Шведска, Македонија се уште нема добиено информации за лица кои од кај нас побарале азил во оваа земја.
Истрагата за агенциите кои вршеле транспорт на азиланти ќе биде заедничка. Утврдено е дека две македонски агенции вршеле превоз и на патници од Србија, но дали организирано вршеле на криминални дејствија ке треба да открие истрагата која ја спроведуваат двете министерства.
- Останува врз основа на оперативните сознанија кои ги имаат македонската и српската полиција да направиме подлабока проверка за да се утврди дали освен она што е нивна легална дејност, се нуделе и дополнителни услуги што ги довеле граѓаните во заблуда и ги довеле во позиција на жртви, нагласи македонската министерка Јанкуловска.
Министрите за внатрешни ќе внимаваат, балканскиот пат кој досега се користеше за транспорт на дрога, да не добие друга цел. Ќе направат се за да спречат преку патиштата во двете земји илегално да се патува во земјите од Унијата.
Иван Кузмановски
Македонија
|


















Коментирај