Could not display the flash because does not appear to exist.

Социјална сторија за најстариот фудбалски клуб во Македонија

05.03.2011 - 19:33 |

Оваа слика на руина во службените простории и соблекувалната ја прикажува состојбата во која се наоѓа најстариот фудбалски клуб во Македонија, Љуботен од Тетово, основан во далечната 1919 година.

Клубот од Третата лига запад егзистира на работ на пропаст. Живурка без спонзор, со еднократна помош на поединци. Натпреварите наместо во Тетово ги играат во Брвеница, и тоа обезбедено како помош.

За да се овозможи клубот да продолжи да се натпреварува на пролет односно да плати за котизација и други тековни трошоци, се прави обид да собере некој денар со акцијата за зачленување.

Ваква акција била направена пред 10-тина години, кога се собрале 200 члена. Сега само 100-тина да се зачленат, ќе се соберат пари за подмирување на основните трошоци и така нема да се дозволи да клубот да пропадне, велат од управата.

И покрај потешкотиите, есеноска Љуботен се избори за второ место па оттаму и амбициите за пласман во Втората лига.

 

Александар Самарџиев

 

Се вчитува...

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk