Собранието го донесе Законот за електронски комуникации
Пратениците попладнево во рамки на продолжението на 107. седница ги усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации, во второ читање и Извештајот за работата на комисијата за хартии од вредност за 2009 година.
Пратеничката Весна Бендевска од СДСМ рече дека Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации е антиевропски и оти пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не треба да гласаат за негово донесување.
Катерина Димевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Владата е одговорна и ги следи препораките од ЕУ.
Собранието по завршувањето на 107. седница ја почна расправата по 101.седница во рамки на која го усвоија Извештајот за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2009 година и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2009 година.
Поднесувачот на извештајот и претседател на Совет на јавните обвинители на Република Македонија Елена Гошева рече дека Советот постапува по претставки и поплаки поднесени од граѓани и пправни лица, незадоволни од работата на јавните обвинители, а податоците за истите се составен дел од годишниот извештај.
- Во текот на 2009 година до Советот биле поднесени вкупно 169 претставки и поплаки од кои по 167 Советот се произнел и ги известил подносителите, додека само две претставки поднесени кон крајот на годината останале во работа. Од вкупниот број на претставки, 112 се поднесени од граѓани, 34 се поднесени од правни лица, а за 23 претставки подносителот е анонимен, истакна Гошева.
Пратеникот Владо Бучковски од СДСМ рече дека извештајот е сувопарен, но и дека за функционирањето на една нова институција очекувал да се каже дали се гарантира самостојност во вршењето на функцијата на јавни обвинители.
Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ рече дека извештајот ги содржи сите елементи од правен аспект.
Македонија
|


















Коментирај