СДСМ: Состојбата во затворите е катастрофална

28.02.2010 - 22:00 |

Острата реакција на евроамбасадорот Ерван Фуере и народниот правобранител Иџет Мемети во однос на лошата глетка во затворите е оправдана, бидејќи состојбата е навистина катастрофална, оцени денеска на прес - конференција Виктор Цветковски, член на извршниот одбор на СДСМ.

- Кога министерот за правда Михајло Маневски пред четири години стапи на функција, СДСМ му остави воспоставена и консолидирана мрежа на установи, 1,5 милиони евра за нивна реализација, со подготвени проекти, како и обезбеден проект CARDS 2006 од фондовите на Европската унија, потенцираше Цветковски.
 
Тој истакна дека „во затворскиот систем се кршеле процедурите за отсуства, за работно ангажирање надвор од затворот, како и процедурите за спровод“.
 
Според Цветковски, тендерот за изградба на затвор во Куманово го добила трговска, а не градежна фирма, односно, како што посочи, „лице блиско на министерот Маневски“. 
 
- Договорениот рок за изградба беше пробиен, досега се потрошија 1,5 милион евра, а затвор се уште нема, рече Цветковски.
 

Услови

Почитувани
Ќе ве молам и би сакал, како граѓанин на оваа држава да не се објавуваат повеќе вести за Затворите бидејки тие се најмалку важните на оваа држава за нејзините евро интеграции или за подобрувањето на стандардот и условите за живот. Лично од моите пари со коишто плаќам данок на оваа држава а чесно ги заработувам не сакам ама буквално ни денар да се вложи во Затворите бидејки во сите затвори во РМ освен Идризово условите се подобри од сите студентски домови, градинки, здравствени установи итн. па дури условите за живот се подобри и од домовите на 70% од осудените лица.
За подоброто на Македонија и ако сакате да придонесете нешто за оваа држава Ве молам известувајте за останатите институции и установи на кои многу повеке им се потребни парите за реновирање односно за обновување отколку, веќе и премногу што се вложи во Затворите.
Однапред Ви благодарам доколку го објавите коментарот.

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk